Разурнувачки земјотрес во Мексико

од desk3

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го потресе главниот град на Мексико пред неколку минути.

 

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е 123 км југозападно од градот Мексико, на длабочина од 30 км.

Зградите во главниот град беа сериозно се разнишани, илјадници луѓе излегоа на улиците. Сеуште нема податоци за штети и повреди, но видеото објавено на Твитер покажува дека последиците би можеле да бидат катастрофални и многу згради ќе се  распаднат како резултат на земјотресот.

Голем дел од главниот град на Мексико е изграден на исцедени мочуришта и нестабилноста на почвата ги зајакнува ефектите од земјотресите.

Претходно овој месец, ноќта на 8 септември, мексиканскиот брег беше погоден од земјотрес со јачина од 8,2 степени, што мексиканскиот претседател Енрике Пена Нито го нарече најсилен во земјата во изминатите 100 години.

Жртвите на оваа катастрофа се веќе над 90.

Слични содржини