Spotify ги обвини Apple за намерно прекинување на конкуренцијата. Според стриминг услугата Apple намерно го забавува одобрувањето на новата верзија на апликацијата за iOS, бидејќи не сака конкуренција за својата услуга Apple Music, соопштува интернет изданието Re / Code.

zx450y250_2787857

Spotify испратила писмо до главниот адвокат на Apple, во кое вели дека активностите на компанијата штетат како на Spotify, така и на нејзините клиенти. Според нив, стриминг услугата на новата верзија на нејзината апликација за iOS била одбиена од Apple со аругмент за прекршени правила на бизнис моделот. Компанијата вели дека Apple сака да ја натера да ја користи нејзината платежна платформа, ако сака да продава претплати и да прифаќа нови клиенти.

“Случајот покренува сериозни грижи спрема законите на САД и Европската унија. Тоа е уште епизода во угнетувачкото однесување на Apple да исклучува и врши притисокот на конкуренцијата на Spotify во iOS и како ривал на Apple Music, особено имајќи ги предвид и претходните активности на Apple против Spotify . Не можеме да стоиме само така, додека Apple го користи процесот за одоборение на апликации во App Store како оружје на штета на конкурентите “, пишува Хорацио Гутиерез, кој е главен адвокат на Spotify.

Двете компании не ја коментираа темата. Spotify испратила копии на писмото до некои конгресмени во САД. За сега не е јасно дали компанијата предвидува да поднесе тужба или да поднесе формална жалба во институциите.

Слични содржини