Средби на Хан со Ахмети, Тачи, Касами и Села

од Vladimir Zorba

По средбитe во владата, еврокомесарот Јоханес Хан се сретна и со лидерите на политичките партии. Тој бара поддршка за реформите.

Средби имаше и со Ахмети и Груевски. Од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение наведуваат дека реформите ќе ги поддржат, но владата треба што поскоро да ја зачлени земјата во Унијата, а не само да се работи на добивање на позитивен извештај.
Претходно, на Хан во владата му беше презентиран акцискиот план за реформи, по што тој порача дека сите одговорни актери, вклучувајќи ја опозицијата и судството мора да работат посветено во интерес на сите граѓани. Премиерот Заев посочи дека се отвора  ново поглавје во однос на реформите потребни за евроинтеграциите.

Слични содржини