Стефановиќ: Добро ја разбравме пораката на Изетбеговиќ и тоа не го доживеавме благонаклоно и добрососедски

од desk4

Анализиравме се што е кажано, нашата земја добро ја разбра пораката која што ни ја испрати членот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ и се разбира тоа не го доживеавме како нешто благонаклоно и добрососедско, изјави српскиот министер Небојша Стефановиќ по седницата на Советот за национална безбедност.

Стефановиќ, кој што е и секретар на Советот за национална безбедност, не сакаше да изнесува детали и анализи, како ни мерки кои Србија би ги презела.

– Не можеме на тоа да гледаме благонаклонето, бидејќи се работи за нашиот територијален интегритет и суверенитет, рече Стефановиќ.

Министерот Стефановиќ додаде дека цел на СРбија е со БиХ да гради добри односи.

Тој наведе дека дека го почитуваат територијалниот интегритет на сите соседни земји и дека така ќе продолжат и во иднина.

Советот за национална безбедност разгледа повеќе точки на дневниот ред денес, а се однесуваат на продолжување на опремувањето и подобра организација на српските сили за безбедност.

Договорено е следната година да се инвестираат повеќе пари во зајакнувањето на полицијата, во нова опрема и вооружување.

Слични содржини