Стен Ли негира дека неговата пријателка и ќерка му психички го малтретираат

од desk2

Легендата на Марвел комикс Стен Ли ги критикуваше тврдењата дека тој е жртва на психичко малтретирање.

“Здраво, јас сум Стен Ли и зборувам во мое име и во име на мојата пријателка Кија Морган. Вие луѓе објавувате најомразени, нездрави работи за мене и за мојата пријателка Кија и за некои други “, рече 95 годишниот креатор на најголемите херои на Марвел, во видеото објавено од TMZ во средата вечер.

“Работите се комплетно неточни, потполно засновани на клевета, токму онакви работи поради кои ќе ве тужам штом добијам шанса”, објасни тој.

Во вторникот „Холивуд репортер” објави приказна која инсинуира дека никој близок, ниту ни неговата ќерка не се грижи за неговото здравје откако неговата сопруга почина минатата година. Во самата статија имаше и видео на кое Ли потпишува стрипови за фановите и од тоа се направи огромна драма дека е третиран како машина за пари.

Дополнително во приказната се зборуваше и за конкретен правен документ кој Ли го потпишал во февруари, во кој наводно, било изјавено дека тој и неговата ќерка, Џ.С. Ли, воопшто не биле во добри односи поради наследството на неговиот имот, дека неговата ќерка не знае да управува со пари и со сопругата биле загрижени за неа дека била наивна и никогаш не знаела да се издржува сама. Се тврдеше дека ќерка му била под влијание на тројца мажи со “лоши намери”, кои сакале да ја излажат и да ѝ го земат сиот имот.

По објавувањето на статијата, ѕвездите, меѓу кои Кевин Смит, Фелиција Деј и Сет Грин, се огласија сакајќи да му помогнат на Ли бидејќи веруваа дека тој е психички малтретиран. Но на креаторот на Хулк му дошло преку глава и во средата го изјави следново:

https://www.youtube.com/watch?v=IQ0LYhQ-a2s

Слични содржини