“Та Неа”: Одговорот на барањето БПЦ на Охридската Архиепископија да стане Мајка Црква

од Vladimir Zorba

Македонската православна  црка се отцепи од Српската православна црква, не пропушта да потсети Та неа.
Договорите меѓу Бугарија и Македонија се порака до соседите. Одговорот на Бугарската Патријаршија на барање на МПЦ-Охридската Архиепископија се очекува да стане нејзина Црква-Мајка, е втората клучна работа. Ова се главните акценти во грчкиот весник Та Неа по повод  заедничката седница   на бугарската и македонската влада во Струмица, и последниот развој на настаните и очекувања на Македонија со  соседите.

Под наслов “Договорите меѓу Бугарија и Македонија се порака до соседите” весник “Та Неа” пишува за десетте потпишани билатерални договори, меморандуми и протоколи за соработка за време на првата заедничка седница на бугарската и македонската влада во Струмица.
Текстот  вели дека проучувањето на правците за изградба на нова гасна врска меѓу двете земји, исто така, ќе го земе предвид текот на односите со гас помеѓу Грција и Бугарија и Бугарија и Турција.
“Та Неа” го цитира македонскиот премиер Зоран Заев дека со договорите политичките лидери  на двете држави, тие  испратија силна порака до регионот и целиот свет, дека на овој начин се градат пријателства, а тоа  води  кон  политика на добрососедство, развива соработката и се обезбедува долгорочна стабилност .

Атинскиот весник напиша  исто така, дека се чека одговорот на Бугарската православна црква на писмото од Македонската православна црква, во која таа побара бугарската да и стане “Црква-Мајка”.
Во   врска со тоа  “Та Неа” пишува дека “Православната Црква на Македонија во 1967 година еднострано се отцепи од Српската патријаршија и најави автокефалност, која сепак не е призната од ниту една Православна Црква во светот”.

Во тој контекст покрај тоа што не се пропушта да се стави акцентот на шизмата  со СПЦ нема акцент и за посетата на премиерот Заев и средбите во Белград, кои претходеа на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговите министри.

Слични содржини