Таткото на Џорџ Клуни по првата средба со внуците

од Vladimir Zorba

Актерот Џорџ Клуни пред два дена стана татко. Неговата сопруга Амал на свет ги донесе момчето Александар и девојчето Ела.

Оваа вест посебно го израдува родителите на актерот, Ник и Нина Клуни, кои своите внуци ги запознаа по пат на Скајп само два часа по породувањето.

– Прекрасни се, Нина се колне дека Александар има нос на Џорџ. Имаат темна коса и изледаат прекрасно. Ги сакам нивните имиња, рече гордиот дедо.

– Амал е супер жена, едноставно е неверојатна, додаде Ник и призна дека ниту тој ниту неговата сопруга не мислеле дека синот конечно ќе се „смири“ се додека не ја сретнал Амал.

Многу американски ѕвезди му честитаа на актерот за новиот членови во семејството.

Слични содржини