Телохранителот на Ким Кардашијан им се закани на оние што ја ограбиле

од desk2

Ким Кардашијан не го обвинува нејзиниот телохранител за трауматичниот инцидент, кога таа беше врзана, фрлена во бањата и ограбена под закана со оружје, во нејзиниот луксузен апартман во Париз.3915009500000578-0-image-m-6_1475567686011

И покрај фактот што Паскал Дувие, не бил таму за нејзе кога и бил најмногу потребен, таа не е лута затоа што се чувствувала безбедна да остане сама во апартманот во “Hotel de Pourtales”, изјавуваат извори за списанието “Us”.

“Ким не го обвинува Паскал. Таа се чувствуваше потполно безбедна во апартманот и во никој случај не верува дека тоа е по негова вина.” соопштуваат тие.390dc6e800000578-0-image-a-8_1475567760344

Дувие, вети дека ќе ги пронајде тие 5 луѓе кои ја ограбија ѕвездата, откако беше јавно обвинет затоа што за време на грабежот тој ги придружувал нејзините сестри Кендал и Кортни, во клубот “Arc” во Париз, и не успеал да ја заштити Ким.390ed50800000578-3821038-image-m-15_1475568159270

“Настанот што се случи во Париз, беше еден од најболните нешта што сум ги видел или слушнал” изјави Дувие.

“Имаме информации и траги и ќе ве најдеме. Тоа ви го ветувам… Се спречкавте со погрешниот.” предупреди тој.

Дувие брзо се упатил накај луксузниот апартман на Ким во Париз, кога слушнал за нападот, во понеделникот изутрината од нејзината пријателка Симон Харуче, но кога стигнал, маскираните луѓе веќе избегале со изнајмени велосипеди и ја оставиле Ким врзана во бањата.

Крупниот германски телохранител работи за Ким и Канје уште од 2013-та година.390ed4d800000578-3821038-image-a-11_1475568083417

Ким беше нападната во Париз во хотелот во кој престојуваше. Маскирани мажи, преоблечени како полицајци, насочиле пиштоли кон риалити ѕвездата, во нејзината собата и наводно украле накит вреден 8.5 милиони фунти, пренесува “DailyMail”.

Слични содржини