The Guardian: Британското разузнавање почна да ги проверува пропустите при предупредувања за терористички напад во Манчестер

од Vladimir Zorba

Британскиот разузнавачки орган МИ-5 започна две итни истраги за тоа како е направен превид и пропуст за опасноста која претставувал Салман Абеди – бомбашот-самоубиец од градот Манчестер, пишува The Guardian. Проверката доаѓа во позадина на тврдења дека неговиот интерес да биде потенцијален терорист бил пријавен на властите.

Британската внатрешна служба за безбедност започна една проверка минатата недела, која има за цел брзо да се идентификуваат секакви грешки, додека другата проверка ќе биде подлабока.

Во неделата министерот за внатрешни работи Амбер Рудд одби да коментира дали биле пропуштени можности да биде забележана убиствената намера на 22-годишникот пред да го реализира неговата смртоносен напад. Причината е дека националната безбедност билa сконцентрирана на кампањата за локалните избори.

Слични содржини