Тодоров открива детали за преговорите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

од desk2

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во текот на преговорите за формирање на новата влада што завршија во јануари, постигнале договор и за предлог-законот за продолжување на мандатот на СЈО.

Како што наведе членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров за Телма, сценариото на партиите било да се договорат да не се договорат. Имено, кога ДУИ ќе предложела закон во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ да го одбиела, цитира Алсат М.

Откривајќи и други детали од преговорите, Тодоров додаде дека и покрај тоа што беше наведено во јавноста, ДУИ никогаш не ги условила преговорите за формирање влада со ВМРО-ДПМНЕ со невклучување во владиниот кабинет на Груевски и други лица од неговата партија кои се дел од истрагите на СЈО. Во рамките на партијата на Ахмети пак, даваат неколку различни изјави што се однесува до преговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседателите Теута Арифи и Изет Меџити изјавија дека партијата на Груевски во тоа време целосно го прифатила предлог-законот за употреба на албанскиот јазик. Но, портпаролот на партијата Бујар Османи, изјави дека имало несогласувања за одредени точки од овој закон заедно со отвореното прашање за СЈО.

Целиот тескт можете да го прочитате тука

 

Слични содржини