Денеска се активира план Б за излез од политичката криза во Македонија. Со оглед на тоа што институциите се блокирани и претседателот Иванов и покрај добиени потписи за парламентарно мнозинство не доделува мандат за формирање  нова Влада, сега ќе се докомплетира првин Парламентот., а потоа другите институции врзани со промените.
Иницијатива со 67 пратенички потписи за продолжување на конститутивната седница денеска  ќе добие претседавачот со конститутивната седница Трајко Вељаноски  и тоа за некој час,утрово,  со оглед на тоа што вчера собранската архива затвори, а од СДСМ не стигнаа да ја покренат процедурално  иницијативата, пред Прламентот.
СДСМ ќе инсистира собранската седница да се одржи во понеделник, а денска  да има координација кај Вељаноски за да се прецизираат деталите, како да се договори составот за новата комисија за избори и именување, која треба формално да го предложи новиот собраниски претседател.
Составот на комисијата ќе се усогласува меѓу парламентарните партии  и според последното, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на мнозинство и на претседател или во бројки  6 за ВМРО-ДПМНЕ, 5 за СДСМ, по еден и за ДУИ И ЗА БЕСА,  а предлогот на СДСМ е по 5 за нив и ВМРО-ДПМНЕ, два за ДУИ и едно за БЕСА.
Но, тоа ќе се усогласува денеска на координација ако не измрда Трајко па да одоговлекува, впрочем такви се најавите, и не случајно тој седна да претседава со конститутивна седница, а не како што е редот најстариот пратеник од новиот парламнтараен состав, на што Локално.мк предупреди уште пред почеток на конститутирање на парламентот.
Рокови од кога Трајко треба да ја закаже седницата нема, а од Собранието не сакаат да коментираат ништо повеќе додека не ја добијат иницијативата, но прво што побараа по инструкции, пак на Трајко, беше  доказ за мнозинство, бидејќи велат за да продолжи седницата и да се избере претседател, мора има доказ дека иницијаторите имаат поддршка од најмалку 61 пратеник, иако секогаш според деловникот е  и било иницијатива за закажување седница е со потписи на 20 пратеника.
Но сега секој претсавник на власта на заминување (Иванов, Груевски, Вељановски, Кракамишева) имаат „свое“ толкување на законите и Уставот
Алтернативата , до колку го влечат и толкуваат се тоа по свое е, да биде свикана седницата од најстариот пратеник, во случајот Бранко Манојловски од ДУИ, и секако врз основ на денешните депонираните потписи во собраниската архива.
Од СДСМ велат дека договор за претседател се уште нема, а дека амбиција да седнат на претседателското столче имаат и од кај нив, и од Беса, а според нив имаат два предлога и од ДУИ , од кои најсериозниот кандидат е Талат Џафери.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваа  дека немаат намера да го блокираат изборот на претседател, но не ја исклучуваат можноста и од нивната пратеничка група да стигне предлог, ама да виделе прво како тоа ќе го изменаџирал Трајко околу закажувањето, да почнело се , па ќе кажеле прецизно што планираат.
Седницата би се оддржала во Понеделник а ден потоа е најавна и посета на еврокомесарот на ЕУ Јоханес Хан.

Слични содржини