Ова беше објавено од страна на двајца американски владини претставници цитирани од страна на Ројтерс.

Трамп го фали својот кинески колега,  Џинпин, но во исто време го повикува Пекинг да го зголеми притисокот врз Северна КОреја  и да ги промени своите трговски практики во САД.

Стратегијата за национална безбедност, која требаше да биде изложена од Трамп за време на говорот, не треба да се гледа како обид да се задржи Кина, туку како да се понуди појасна слика за предизвиците што ги носи Пекинг , посочија изворите.

Стратегијата, која сеуште се подготвува, исто така може да ја откаже позицијата изразена од поранешниот американски претседател Барак Обама во септември 2016 година, дека климатските промени претставуваат закана за безбедноста , рече еден од изворите.

  Американскиот лидер ќе ги утврди своите приоритети за надворешна политика и ќе ги нагласи неговите заложби за Америка – пред се, вооружените сили на САД, борбата со исламскиот екстремизам и промената во трговските односи со другите земји за да ги претворат САД во -конкурентна страна , појаснија изворите.