Актуелно
Почетна / Актуелно / Трамп се предомисли, нема дополнителни санкции за Русија

Трамп се предомисли, нема дополнителни санкции за Русија

 

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи воведувањето дополнителни санкции за Русија, изјави висок службеник во неговата администрација.

Додаде дека Трамп веројатно нема да ги одобри дополнителните сакнции ако Москва не изведе нови сајбер напади, или не направи друга провокација.

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли во неделата рече дека Вашингтон подготвува нови санкции кон Русија заради поддршката на сирискиот претседател Башар ал Асад, но неименуван службеник за Ројтерс вели дека „амбасадорката овојпат избрзала“.

„Вашингтон пост“ прв објави дека Трамп го попрел планот за дополнителни санкции за Русија.