Три шумски пожари во Оклахома, се евакуираат жителите

од desk2

 

Во американскиот град Марта, на околу 200 километри од Оклахома Сити, наредена е евакуација на населението поради шумски пожар кој гори во тоа подрачје, пренесе АП.

Се наведува дека за сега нема извештаи за жртви или штети.

Властите на државата Оклахома соопштиле дека уште еден пумски пожар избил во Тексас, а во петок се проширил на оваа сојузна драва и дека и понатаму е активен.

Пожарникари од Тексас и Оклахома се обидуваат да го совладаат огнот кој до сега проголта 110 квадратни километри земјиште.

Против третиот шумски пожар на северозападот на оклахома се борат повеќе од 500 пожарникари, авиони канадери и хеликоптери, и во него изгореле 970 квадратни километри земјиште.

Слични содржини