Работници денеска ја чистат Триумфалната порта во центарот на Скопје, откако анти-владините демонстранти синоќа ја гаѓаа со боја, а испишаа и графит „Грабеж“.

12998520_10153541329393176_1780425292732923914_n-670x377

Откако на демонстрантите, не им беше дозволено да протестираат пред Собранието, тие фрлаа со боја кон Портата, која е дел од контроверзниот проект Скопје 2014, по што го продолжија протестот пред владата. Протестот е во организација на движењето Протестирам. Тие се противат на политичките помилувања од претседателот Ѓорге Иванов и бараат негова оставка, одложување на изборите закажани за 5 јуни и почнување на процес за избор на експертска влада која ќе го подготви теренот за фер избори.

Инаку Триумфалната порта чини 6.248.520 евра, а опозицијата, невладини организации и експерти обвинуваат за огромна корупција и перење пари преку целиот проект Скопје 2014.

Протестите траат четири дена, а за вечерва се најавени нови.

Фото:Либертас

Слични содржини