Тројца повредени во оружен инцидент во Кичево

од Vladimir Zorba

 Три лица се повредени вечерва во центарот на Кичево кога врз нив од огнено оружје пукало едно лице.

Од МВР за МИА информираа дека А.А. роден 1959 година околу 18:45 минути на булеварот „Ослободување“ ги пресретнал и пукал врз Д.А. (1959), А.А. (1977) и Ш.Д. (1963), тројцата од Кичево.

Д.А. има повреди на бутот на десната нога, А.А. е погоден во слабината, а Ш.Д. во десната потколеница. Д.А. и А.А. поради сериозноста на повредите со возила на брза помош се упатени кон скопските клиники, а Ш.Д. е пренесен во кичевската болница.

Полицијата веднаш по инцидентот го привела напаѓачот А.А. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка./МИА

Слични содржини