Ципрас: Германија треба да си ја врати стабилноста

од desk4

Германија, која што е соочена со незапаметена политичка криза треба да си ја врати стабилноста, оценува грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Би била добра работа Германија да си ја врати стабилноста и да продолжи по патот на единството и солидарноста на Европа, изјави Ципрас во Париз, каде денеска ја прими наградата за политичка храброст, која ја доделува списанието Политик антернасионал.

По парламентарните избори во Германија, канцеларката Ангела Меркел не успеа да договори коалиција со либералите и зелените.

– Критична точка за Европа не е само новата насока, туку и новата визија. Проблемот на Европа е недостиг на визија, истакна грчкиот премиер кој утре ќе има работен појадок со францускиот претседател Емануел Макрон и повика на повторно започнување на европскиот проект.

Слични содржини