Досега се идентификувани 10 од жртвите на нападот во Тунис. 8 Британци, еден Белгиец и еден Германец се идентификувани меѓу 38-те убиени од исламистички напаѓач во туристичкиот комплекс во градот Сус. Ова го соопшти Министерството за здравство на Тунис, цитирано од “Франс прес”.

430x330

Други 39 лица се повредени, вклучувајќи од британска, германска и белгиска националност.

Министертсвото прецизира дека е потребно повеќе време за идентификување на жртвите, бидејќи повеќето од нив биле на плажа за време на нападот и не носеле лична карта или пасош.

Доцна вчера “Исламска држава” ја презеде одговорноста за нападот, извршено од жител на Тунис, кој извади автомат “Калашников”, скриен во чадор, и отвори оган по туристи на плажа и пред базенот во хотелот во популарното медитерански одморалиште Порт Ел Кантауи линкот до Сус.

Претходно денеска премиерот на Тунис Хабиб Есид изјави дека повеќето од загинатите се Британци, но исто така има Германци, Белгијци и Французи.

Напаѓачо Сејфедин Резгу не бил претходно познат на полицијата.

Премиерот на Тунис, објави дека околу 80 џамии ќе бидат затворени во рок од една недела поради “ширење на отров”.

На прес-конференцијата тој истакна дека некои џамии кои се надвор од контрола на владата,се шири “пропагандата и нивниот отров охрабрува тероризам” и поради тоа ќе бидат затворени.

Есид исто така се закани да дејствува против земјите и групите кои “дејствуваат надвор од уставот”. Според него војници од резерва ќе бидат распоредени за заштита од ваквите напади на туристички и други важни локации.

Земјата е под закана, владата е под закана, предупреди тој.

Без соработка и без да се покаже единство, ние не можеме да победиме во оваа војна. Ние победивме некои битки и изгубивме други, но нашата задача е да победиме во војната, додаде тој.

Туристите во Сус масовно го напуштаат градот по нападот.

Северноафриканската земја ги засили мерките за безбедност од март, кога исламисти нападнаа врз музејот “Бардо” во главниот град. Тогаш беа убиени повеќе од 20 странски туристи.

Слични содржини