Турција добила само 790 милиони евра од ветените три милијарди евра од ЕУ

од Vladimir Zorba

Турција добила само 790 милиони евра од ветените три милијарди евра од страна на ЕУ, во рамки на договорот за спречување на мигрантскиот бран од Турција кон земјите од Унијата, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.

Тој на прес-конференција истакна дека односите меѓу Анкара и Брисел, кои се затегнати поради спорови за време на кампањата за референдумот за уставни промени во Турција, би можеле да се нормализираат доколку ЕУ ги исполни условите од договорот за мигрантите.

Слични содржини