Уапсено лицето кое пукаше и го рани независниот кандидат за градоначалник на Кичево

од Vladimir Zorba

 Тројца уапсени за пукањето во Кичево

 

Кандидатот за градоначалник Алит Абази, кој синоќа беше ранет во вооружена престрелка во Кичево, заедно со својот шеф на изборен штаб Дестан Абдиу стоел од една страна на кичевскиот булевар Ослободување додека истрелите дошле од спротивната страна на булеварот, опишуваат очевидци на инцидентот за Телма.

Од другата страна на булеварот бил напаѓачот Абдула Абдулау кој со пиштол кој го носел со себе испукал најмалку 5 куршуми во правец на двете свои мети и ги погодил во слабината (Абази) и во бутот (Абдиу).

Во инцидентот настрадало и трето лице кое најверојатно било погодено од заскитан куршум во потколеница.

 

Абази со тешки повреди во стомакот на операција

Напаѓачот според очевидците веднаш избегал. Полицијата потоа соопшти дека го уапсила и го обезбедила оружјето од кое било стрелано.

Слични содржини