Убиен рускиот амбасадор во Турција, но ликвидиран и атентаторот кој извикувал Алепо и ОДМАЗДА

од Vladimir Zorba

Рускиот амбасадор во Турција Андреј Ганадиевич Карлов им подлегна на повредите здобиени во напад со огнено оружје, извршен денеска за време на отворање изложба на слики во Анкара.

Уште три лица биле повредени во нападот врз рускиот амбасадор во Анкара.

Турските медиуми објавија дека напаѓачот на рускиот амбасадор беше „неутрализиран“ од турските безбедносни сили.

Според очевидец на нападот, мажот кој пукал во Карлов извикувал „Алепо“ и „одмазда“.

– Додека зборуваше амбасадорот висок маж во костум прво пукаше во воздух, а потоа зад грб на дипломатот. Тој извикуваше „Алепо“ и „одмазда“, тврдеше очевидецот.

Во зградата каде е изложбениот салон се уште трае пукотницата, јави Си-Ен-Ен Турк.

Турски специјалци го опколиле зградата. На местото на инцидентот пристигнал и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Според Си-Ен-Ен Турк, напаѓачот влегол во зградата откако покажал полициска легитимација. Дел од медиумите во Турција јавуваат и дека напаѓачот е член на обезбедувањето на амбасадорот .

Амбасадорот Андреј Карлов бил назначен на оваа функција во 2013 година.

Слични содржини