Украина подготвува тужба против Русија пред Хаг

од Vladimir Zorba

13746910134-a2727b125e-b-860x614

Министерот за правда на Украина Павел Петренко во изјава за телевизијата „112“ соопшти дека неговата земја подготвува тужба против Русија пред Меѓународниот суд за правда во Хаг.

Претходно Киев покрена четири парници пред Европскиот суд за човекови права против Русија во кои се бара надомест од руската страна за случувањата на Крим и во Донбас.

– Постои уште еден одвоен случај кој ние заедно со Министерството за надворешни работи го подготвуваме за Меѓународниот суд на Обединетите нации. Нема да кажам повеќе детали, наскоро ќе дознаете – рече Петренко./Мета

Слични содржини