Уште една победа на пропагандата

од Vladimir Zorba

Вештачки креираната нормалност продолжува со живот.

dzeljo hodzic
Денот кога почна да врне, вечерта кога беа поплавите, почна и еден судир помеѓу реалноста и режимската пропаганда. Борбата траеше само 15 дена!

Реалноста на своја страна се бореше со факти, а режимската пропаганда продолжи со лаги. Сите сведочевме на тој судир, еден дожд во август однесе десетици животи, наспроти неисчистени канали, неизградени атмосферски канализации, од дожд измесетена обиколница, нефункционални институции, војници на терен без чизми, болници без капацитет да примат заразени… Беше ова причина која мораше да нè врати во реалноста.
За жал, повторно, победи пропагандата на режимот, се вративме на “нормалниот” живот, на “нормалните” политички теми. Веќе нема спремност суштински да се зборува за поплавените подрачја, за жртвите, оние избројаните и оние скриените, за причините, за штетите и последиците од поплавите, за злоупотребата на скромната помош, за нефункционалните институции… Нема спремност, нема енергија, нема гнев, нема ништо. Една голема дупка.

 Неверојатно е, но од поплавите режимот излезе ќар, како што и досега излегуваше после секој голем пораз на општеството. Го мобилизираше својот апарат, од партијата со се институциите, преку пропагандата на медиумите, системот на клиентелизам, па се до предизборна кампања, буквално ја разработија машината уште пред изборите. Се функционира, Груевски мирно може да продолжи со одморот. А ние, ниту гнев, а уште помалку сила, вистински да побараме одговорност.
Сега поважно е да се бараат луѓето кои ќе бидат демократски декор во режимските институции и тела кои треба да ги организираат “фер и демократските” или барем “кредибилни” избори во декември, отколку да се бараат мртвите кои режимот успешно ги крие! Сепак, оваа неприродна состојба повторно ќе биде нарушена од природата, веројатно со првиот малку посилен дожд.

Џелал Хоџиќ

Фејсбук статус

Слични содржини