Уставен суд ја отфрли иницијативата за поставување крст во Бутел!

од desk3

Уставниот суд на Република Македонија денеска поради ненадлежност ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Одлуката за поставување на крст во општина Бутел.

Одлуката за давање согласност за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Бутел е донесена во февруари годинава од Советот на општината.

krst-butel

Иницијативата беше поднесена од Движење за реформи – Албанска демократска партија Тетово.

Од Судот појаснуваат дека ја отфрлиле иницијативата за Одлуката за поставување урбана опрема во општина Бутел, бидејќи не е општ пропис, туку е врзан за конкретен објект, предмет, односно работа.

Проектот за поставување на крстот е на Светскиот македонски конгрес.

Судот на денешната седница го укина членот 71, став 5 од Законот за кривична постапка, кој предвидува „за кривични дела за кои може да се изрече казна затвор во траење од најмалку 10 години бранител може да биде адвокат со искуство од најмалку пет години по положување на правосудниот испит“.

Досегашниот генерален секретар на Уставниот суд, Оливера Филиповска информира дека на почетокот на денешната седница судиите се договориле деновиве да изберат нов генерален секретар, бидејќи на 1 септември и завршил мандатот.

Генерален секретар избират судиите од редот на државните советници на Уставниот суд на РМ. За да биде избран генерален секретар, како што информират од Судот, потребни се пет гласа од девет судии./MИА

Слични содржини