Утре марш „Борбата продолжува, гласот победува“ од СЈО до Собранието

од desk3

Утре во 14 часот, граѓани, граѓански активисти, новинари и уметници ќе маршираат по повод 11 Октомври.

marsh 11 oktomvri

Граќанскиот марш го иницираат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, новинарите Томислав Кежаровски и Атанас Костовски, активистот Влатко Васиљ, актерката Ирена Ристиќ, музичарите Златко Ориѓански и Бени Шакири и припадничката на Сојузот на борци, Вера Бунтеска.

Под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, предводени од иницијаторите, граѓаните ќе го почнат маршот кај раскрсницата на булеварот Партизански одреди и улицата Франклин Рузвелт, во близина на новиот објект на Специјалното јавно обвинителство.

14670700_10209922901496704_1264926309239824222_n

Потоа, маршот ќе продолжи по булеварот Партизански одреди до зградата „Тифани“, а по улицата Димитрие Чупоски ќе продолжи кон Собранието.

Пред Законодавниот дом ќе има поставено бина и на граѓаните ќе им се обратат четворица говорници.

Утрешниот марш, според иницијаторите, ќе се одржи за да се одбележи Денот на востанието во Македонија и да се испрати слободарска порака.

„Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја. Да застанеме рамо до рамо сите заедно, еднакво важни, независно од каква било различност“, велат организаторите.

 

МЕТА

Слични содржини