Утре сите кај Џафери, на координација

од desk3
Понеделнички, претставниците на пратеничките групи ќе се соберат кај  собранискиот спикер Талат Џафери. Треба да  се изјаснат, дали се ЗА свикување на собраниска седница на која ќе се донесат измени на Изборниот закон, за да се овозможи продолжување на мандатот на градоначалниците и советниците.По вчерашната покана од собранискиот спикер Талат Џафери се одржа неформална консултативна средба меѓу  Оливер Спасовиски од СДСМ,  Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Зекирија Ибраими од БЕСА и уште двајца од партиите на Албанците, претставени во Собранието. Претседателот на Собранието не бил присутен на средбата.

Спикерот Џафери вчера најави  дека во понеделник ќе свика координација на пратеничките групи за итно решавање на проблемот со мандатот на локалната власт, кој истекува истиот ден.

По едночасовната средба никој од партиските претставници не даде изјава, но подоцна дел од партиските штабови потврдија дека станало збор за локалните избори.

Слични содржини