Вардар вечер против Реал Сосиедад во Скопје

од desk2

Дојде денот за нов европски предизвик на Вардар во групната фаза во Лигата на Европа. Цела Македонија е во исчекување на вечерашната пресметка против Реал Сосиедад, во третото коло од групата „Л“. Цела Македонија се надева и посакува први бодови на нашиот најтрофеен тим.

Вардаровите играчи, стручниот штаб одбројуваат часови до почетокот на натпреварот. Натпревар во кој ќе дадат сè од себе за добар резултат вечерва со шпанскиот претставник. Дојдете и Вие да бидете дел од вечерашниот спектакл на Арената „Филип Втори“. Нека биде ова ноќ која долго ќе ја паметиме.

„Да заборавиме на сето она што се случуваше во минатите натпревари. Од натпревар во натпревар играме се подобро, време е сега да дојдат и бодовите. Ова е нов меч, нов предизвик, нова шанса. Шанса која што треба да се искористи заедно со нашата верна публика, со нашите верни навивачи“, велат од Вардар.

Слични содржини