Вечерва ќе нема одлука за нова влада- Груевски го враќа мандатот!

од Vladimir Zorba

И натаму ќе траат консултациите  во претседателстово во ДУИ за тоа со кој партнер да се пристапи за формирање нова влада.Вечерва нема одлука рокот истече!

Нема консензус за одлука и како што претходно најави портпаролот на ДУИ Бујар Османи- ним најбитно им е договор и цврст став за доброто на партијата, за ДУИ, Албанците и државата  а не интересите на ВМРО ДПМНЕ или СДСМ.

Тој вечерва допрецизира:

– Започнавме процес на консултации за да дебатираме за предлозите по изборите.Дебата беше корисна.Од состаноците на партијата одлучивме.

Имаше конструктивна дебата но, немаме доволно аргументи да донесеме одлука.Разговараме за сите опции.

Не сакам да шпекулираме што може да се случи, ќе продолжиме со разговорите.

Заради тежината на состојбата ни треба дополнително време- рече Османи

Тоа ќе значи дека мандатарот Никола Груевски утре ќе треба да го врати мандатот до претседателот Ѓорѓе Иванов затоа што не успеал да обезбеди парламентарно мнозинство.Кому ќе го додели тој понатаму се низа варијанти во зависност од слободното толкување на Уставот и политичките интерпретации.

Слични содржини