Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер ова лето го ангажираа голманот на Челзи, Петр Чех, но навивачите очекуваат уште некое засилување за тимот да биде конкурентен во борбата за титулата.

300px-Arsene-Wenger

Венгер од подготовките на Сингапур истакна дека „топџиите“ следната сезона ќе се борат за трофејот во Премиер лигата.

– Титулата е наша цел и ние чувствуваме дека имаме шанса во многу квалитетната лига. Ние не сме далеку. Среќен сум со тимот што го имам. Ако на пазарот се појави интересен играч кој може да ни биде од корист и да не засили, ќе се обидеме да го ангажираме. Сѐ зависи од понудата. Во конкуренција на другите европски екипи не е лесно да се дојде квалитетен играч.

Медиумите подолго време го поврзуваат Карим Бензема со Арсенал за наводна сума од 40 милиони фунти.

– Не знам од каде доаѓаат таквите приказни, но во овој момент ништо не се случува, додаде Венгер.

Арсенал утре од 14 часот и 30 минути игра против Евертон во финалето на „Беркли трофеј“./МИА

Слични содржини