(ВИДЕО) Алаѓозовски: Наместо револуционерите заслужни за македонската држава, во Музеите на ВМРО ги натокмија Хитлер и нацистичкиот соработник Ванчо Михајлов

од Vladimir Zorba

Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, денеска пред Триумфалната капија рече дека таа е симбол на лажниот патриотизам на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

20161023143015

– Груевски реши македонската борба да ја слави преку преплатени чудовишни градби како оваа Порта во центарот на Скопје којашто однесе 6 милиони и 250 илјади евра! Или како Музејот на ВМРО со восочни фигури на контроверзни историски личности, за што непатриотски одзедоа 17 милиони евра народни пари!  Наместо револуционерите заслужни за македонската држава, во Музеите на ВМРО ги натокмија Хитлер и нацистичкиот соработник Ванчо Михајлов. Криминално трошење на Груевски и испревртената историја на ВМРО-ДПМНЕ немаат ништо заедничко со идеалите на Гоце Делчев и историското ВМРО. Напротив, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги осиромашија граѓаните и ги поделија по сите основи – изјави Алаѓозовски.

Алаѓозовски истакна и дека по 11 декември во Македонија ќе бидат вратени вистинските историски вредности.

Слични содржини