(ВИДЕО) CNN: Руски хакери ја предизвикале кризата со Катар

од Vladimir Zorba

На 24 мај сајтот на Катарската новинска агенција беше пробиен и на него беше објавен лажен говор на емирот на Катар

Инспектори од ФБИ сметаат дека руски хакери стојат зад голем сајбер напад против Катарската новинска агенција, соопшти Си-Ен-Ен (CNN).

Сегашната криза на Блискиот Исток реално почна малку откако претседателот на САД Доналд Трамп присуствуваше на самитот на муслиманските лидери во Саудиска Арабија, каде Иран беше обвинет за поддршка на тероризмот.

На 24 мај сајтот на Катарската новинска агенција беше пробиен и на него беше објавен лажен говор на емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, во кој се зборува против Саудиска Арабија и во поддршка на Иран и Хамас. Лажната вест беше цитирана и од катарската телевизија пред да биде официјално демантирана.
Иако беше демантирана информацијата, Саудистка Арабија и ОАЕ реагираа веднаш и забаранија неколку медиуми финансирани од Катар, вклучувајќи ги и “Ал Џезира”.
Во понеделникот тие направија нов чекор и најавија практично целосна блокада на емиратот богат со нафтени и гасни наоѓалишта.
Според изворите на CNN хакери упаднале во серверите на Катарската новинска агенција и објавиле на сајтот лажен говор.
Целта на оваа Сајбер-напад бил предизвикување на поделба меѓу САД и нивните сојузници во Персискиот залив. Се уште не е пронајдена директна врска помеѓу хакери и руските власти.
Во моментов истражителите од ФБИ им помагаат на Катар да го докажат потеклото на хакерските напади.
Од ФБИ и ЦИА одбиле да ја коментираат сторијата. Портпарол на катарската амбасада во Вашингтон, пак, изјави дека истрагата продолжува и резултатите од него ќе бидат објавени наскоро.

Слични содржини