ВИДЕО: Демонстрантите пуштени да влезат во Собранието, пратениците се внатре

од Vladimir Zorba

 

 

Демонстрантите од “За заедничка Македонија“се пробија до влезот на Собранието и се обидуваа да влезат внатре додека лидерот на СДСМ Зоран Заев држеше прес конференција. Но очигледно беше дека без никаков отпор од полицијата беа пуштени да влезат прво во просторот пред Собранието а потоа и внатре. Во моментов се внатре и пратениците на СДСМ, а лидерот на СДСМ го повика МВР да си ја заврши работата и да ги отстрани тие што влегоа и се наоѓаат пред прес салата. Во СОбранието влегоа и лица со фантомки кои беа пропуштени да влезат внатре, а сите заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат во собраниската сала.

Специјалните единици и оклопни возила кои секогаш беа на улиците и за најмали протести, овојпат ги немаше пред Собранието.

Слични содржини