(ВИДЕО) Ердоган и Путин по атентатот во Анкара: Треба да знаеме кој ја насочил раката на убиецот

од Vladimir Zorba
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство во врска со убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлово. Според него, убиството е провокација против односите на двете земји.

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство на роднините и блиските на убиениот во Анкара амбасадор Андреј Карлово. “Делото е криминал – тоа е провокација, со цел неуспех на нормализирањето на турско-руските односи и пад на мировниот процес во Сирија”, рече уште Путин.

Рускиот лидер истакна дека одговор на убиството треба да биде зајакнувањето на борбата против тероризмот. Москва треба јасно да знае кој стои зад убиството на амбасадорот Андреј Карлово, изјави Путин.

“Комисија на Руската Федерација веќе поднесе тужба во врска со убиството. Нарачано е да биде формирана меѓуминистерска група која ќе биде испратена во Анкара, за да учествува заедно со турските партнери во истрагата на ова злосторство “, изјави рускиот претседател на состанок во Кремљ.

“Треба да знаеме кој ја насочил раката на убиецот”, беше категоричен тој.

Слични содржини