На списокот со 56 имиња не се најде ниту еден од членовите на ДУИ иако и нивните разговори ги слушнавме во бомбите а ги имаше и во случајот Телеком кој го бара специјалната обвинителка Катица јанева, информира Телма.

pomiluvani_0

Ги нема ниту на списокот аболиоцирани, ниту на оној каде аболицираните сега бараат отповикување на милоста од претседателот.

Никој не објасни зошто ги нема. Денеска тие побараа од аболицираните од Иванов  да побараат да ја повлече одлуката за аболиција  а тој самиот да најде начин за итно повлекување на одлуката  која поттикнала бранови протести. Дали Иванов ќе го послуша барањето на ДУИ засега е нејасно но нема одговор и зошто не ги слуша екпертите.

Иако веќе до него стигнаа писмата од Црвенковски, Груевски ,Заев кои се меѓу првите кои побараа претседателот да не ги помилува ,Претседателот не даде правно објаснување како ќе си го повлече сопствениот потпис и како она што е веќе објавено во службен весник ќе го прогласи за ништовно-повторно се пофали со својот кабинет дека таму ќе ја разгледале можноста за повлекување на помилувањето.

Целиот осврт на проблемот со помилувањето можете да го видите тука

 

Слични содржини