Непознат маж беше уапсен од бразилската полиција во обид да го украде факелот со олимпискиот оган. Случката се разигра на 40-тиот километар од парадата во Сао Паоло.

Мажот успеа да се пробие низ кордонот со чувари, но беше фатен моментално од полицајците и беше пратен во притвор.

1469349773sds

Откако помина без повеќе инциденти во Сао Паоло, штафетата со олимпискиот оган тргна за Рио де Жанеиро, каде што ќе пристигне на 4 август. Ден подоцна пак ќе бидат откриени летните олимписки игри во градот.

Слични содржини