(ВИДЕО) Сеад Кочан беше на распит во СЈО за „Труст“

од desk3

 

Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на фирмата „Трансмет“ за која Специјалното јавно обвинителство покрена истрага незаконски добивање тендери, утрово беше на распит во СЈО јави, Нова ТВ.

Придружуван од неговиот адвокат, Никола Додевски, првосомничениот во случајот „Труст“ за прв пат се појави во СЈО. По излегувањето од обвинителството тој не одговори каде бил на службен пат.

Сеад Кочан два месеци беше во бегство откако Кривичниот совет на Кривичниот суд му одреди притвор како првоосомничен во случајот „Труст“, затоа што со фалсификувани документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Откако Врховиот суд го укина решението за притвор, Кочан се врати во Македонија по што веднаѓ беше примен во болница на Клиниката за кардиологија, каде му бил вграден стент.

Кочан сега се брани од слобода и даде гаранција од 875.000 евра дека ќе биде достапен на органите на прогонот./NOVA

Слични содржини