(ВИДЕО) Шекеринска: Средбите со ДУИ ќе продолжат, целта ни е заедничка

од desk2

Со ДУИ разговаравме за тоа како да излеземе од ситуацијата која ја наметна Ѓорге Иванов, рече заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска по средбата со ДУИ, информира а1он.

– Сметаме дека овие средби и разговори ќе продолжат, дискусиите се водат во двете партии, но сметаме дека целта ни е заедничка, Македонија да излезе од оваа криза час поскоро, да добие Влада која ќе се посвети на реформите, на подобар живот на граѓаните на Република Македонија и шанса за сите да обезбедат егзистенција во Македонија, рече Шекеринска.

Таа рече дека на оваа прва средба не се разговарало ништо конкретно и дека преговорите ќе продолжат и во наредните денови.

– Предлозите кои ќе бидат на маса ќе ги дискутираме и со целата јавност. Ова не беше долга средба. За сите прашања ќе дискутираме со нашите потенцијални коалициони партнери и за сите прашања ќе ја известуваме јавноста, рече Шекеринска.

Во врска со барањата на ДУИ, Шерекинска рече дека ќе се произнесат по внатрепартиските договори кои ќе ги отпочнат уште вечерва.

Заменик претседателката на СДСМ ги демантираше шпекулациите дека е договорено речиси се.

Слични содржини