Во овие моменти на криза, Македонија може да се потпре на социјалдемократите и во Европскиот парламент и во земјите членки на Унијата, изјави Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ по денешната средба со делегација на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), која е во посета на земјава, пренесува +Инфо.

Партијата на европски социјалисти (ПЕС) ги обединува социјалдемократските, социјалистичките и лабуристичките партии од Европа. Делагацијата ја предводи Сергеј Станишев, претседател на ПЕС. Во неа се претставници од неколку сестрински партии на СДСМ, од Велика Британија, од Италија, од Шведска, од Бугарија и други.

– Разговаравме за политичката состојба во Македонија. Ние се заблагодаривме за солидарноста којашто Партијата на европски социјалисти ја покажа и кон нашата држава и кон граѓаните, особено ставајќи акцент на квалитетот на демократијата и прашањето на слободите и правата на македонските граѓани. Денеска разговаравме на таа тема, кои се проблемите и кои се можните решенија. Сакам со задоволство да кажам дека европската левица, социјалдемократите, и во Европскиот парламент, секогаш биле, и убедена сум, ќе продолжат да бидат најсилните поддржувачи на европските аспирации на Република Македонија – рече Шекеринска./ +Инфо

Слични содржини