Висока политичка делегација од Партијата на европските социјалисти (ПЕС) е денеска во Македонија затоа што ние сме загрижени. Ние сме загрижени за политичката криза во Македонија. Потребно е да се следат Копенхагеншките критериуми, што се очекува од земја кандидат за членство во ЕУ, изјави вечерва Сергеј Станишев, претседател на ПЕС по средбата со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Во делегацијата на ПЕС се различни претставници, тука е и Ричард Ховит, член на Европскиот парламент, кој е многу добар пријател на Македонија, веќе неколку години. Исто така во делегацијата се претставници од социјалдемократските партии од различни земји како Шведска, Италија, Велика Британија, Бугарија и од многу други земји.

– Треба да бидеме целосно свесни дека, целта, патот кон Европската унија, следењето на тој интегративен пат, политичките стандарди се најважното нешто. Нема преговори за високите политички критериуми како слободата на судството, слободата на медиумите, слободата на говорот и секако слободата на опозицијата да ја критикува владата. Загрижени сме за обвинувањата упатени кон лидерот на опозицијата Зоран Заев. За време на нашата посета, ќе зборуваме не само со раководството на СДСМ, туку и со претставници на цивилното општество, со претставници на Владата и другите политички партии. Тука сме да му помогнеме на македонското општество. На прво место да гарантираме, тоа што луѓето го заслужуваат, всушност тоа да се случи. Повторно, тука мислам на стандардите и европските вредности – изјави вечерва Станишев.

Слични содржини