(ВИДЕО) Заев: Промени на 11 декември за живот во Македонија

од Vladimir Zorba

timthumb-1

Коалицијата „За живот во Македонија“, предводена од СДСМ, вечерва одржа предизборен митинг во Гевгелија.

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа за пратеници во Четвртата изборна единица Зоран Заев рече дека на 11 декември ќе дојде до промена на власта и оти народот ќе си ги врател слободата и демократијата.
Фокусот, според Заев, во иднина ќе биде на младите.

– Со сиот жар и сето внимание ќе се посветиме на нив, да се едуцираат, да добијат работа и да формираат семејство во својата земја, затоа што не само Гевгелија, туку цела Македонија е опустошена. Секој млад човек заслужува и ќе добие гарантирана шанса за живот во Македонија, рече Заев.

Претставуваќи ја програмата „За живот во Македонија“, Заев најави зголемување на субвенциите во земјоделството на 160 милиони евра годишно и нивно делење, како што рече, кога им се најпотребни на земјоделците.

Во програмата е предвидено просечната плата да биде 30 илјади денари, а минималната 12 илјади денари во 2017 и да достигне 16.000 денари во 2020 година.

Опозициската коалиција ветува бесплатно здравство за сите, 140 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија, укинување на екстерното тестирање, повисоки плати во образованието, како и шанса за сопствен бизнис на младите со неповратни 10.000 евра, бесплатен деловен простор и фирма со само едно евро капитал.

Слични содржини