Викендов ќе се одржи првиот меѓународен фестивал на живите статуи во Скопје „Урбан Фест“

од Vladimir Zorba

Во петок и сабота Скопје за првпат ќе биде домаќин на меѓународен фестивал на живи статуи и други улични уметности именуван, накусо „Урбан Фест“. Фестивалот под мотото “меѓународен фестивал на живите статуи и останатите…“ ги слави урбаните уметности и убавината на градскиот ритам.

Програмата на дводневниот фестивал лоциран во Општина Центар на „Сквер Јадран“ вклучува во најголем број светски познати изведувачи од областа на живите статуи, како и 3Д графити артисти. Покрај тоа предвидена е музичка програма во, како што велат организаторите, “урбан ритам“.

На фестивалот свое учество ќе имаат 17 артисти, шест од Македонија, двајца од Бугарија, еден од Германија, еден од Холандија, тројца од Португалија, двајца од Србија и двајца од Босна и Херцеговина.  Урбан фест“ ќе биде поставен како класичен формат, како и сите останати фестивали од ваков карактер низ улиците ширум светот на пешачка зона која претежно се наоѓа во центарот на градот, имено околината на „Сквер Јадран“ во Скопје. На средината на кружниот тек ќе се постави централна бина која ќе биде во функција преку целиот ден, а на споредните четири улички ќе бидат поставени артистите и нивните актови – СТАТУИ.

Младите сараевчани „Бетонци“ ќе цртаат 3D ликовна уметност на плоштадот. Својот цртеж тие ќе го завршат во сабота во 14:30 часот.

Фестивалот ќе трае два дена. Ќе започне на 28.04.2017 (петок) во 19:00 часот. Во истото време артистите ќе настапат и вториот ден од фестивалот.Музичката програма, пак,  е планирана во следниот распоред:

28. април, Петок, 19:30 – ОG! + MACI
29. април, Сабота, 13:30 – Летечки Пекинезери
15:30 – Boogieman
19:00 – Шурбе
21:00 – Фолтин

Урбан Фест е под покровителство на Општина Центар, а во организација на „Театроск“ продукцијата за улична уметност од Скопје.

 

 

 

Слични содржини