Викендов на ред потписите! Документот од СДСМ не содржи атомска бомба порача Ахмети

од Vladimir Zorba

За очекување е  викендов да бидат депонирани потписите за мандат за составување нова влада со мандат за СДСМ. Остана уште изјаснувањето во ДУИ, каде ставовите за сите се јасни, освен дилемите на лидерот на партијата. За очекување е последната рунда на раководствто на ДУИ, иако според најавите овојпат ќе биде многу полесно да се дојде до одлука, затоа што преговарачките тимови и раководството всушност се во перманентно заседание, и горе долу се јасни и работите  и можностите.

Официјалниот полседен став е дека „Нема рок до кога ДУИ треба да се донесе одлука за евентуална коалиција со СДСМ. Одлуката е многу тешка, се анализираат сите аспект и сите детали од предлог пакетот на СДСМ“, рече  лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на одбележувањето на 16-годишнината од конфликотот во 2001 годинаКако што пренесува Телевизија 24, тој се поклонил пред споменикот на двоглавиот орел, но од тројката  потпретседатели  на партијата не дошол никој на одбележувањето на годишнината. Претходно од ДУИ најавија дека на манифестацијата ќе присуствуваат сопартијците на Ахмети, со цел да се демонстрира единство.

Сепак ДУИ многу сериозно ја сфати дискусијата за давањето на потписите на нејзините пратеници за СДСМ. Алсат-M од извори во ДУИ дознава дека засега се дискутирало за модалитетите како тоа да се направи,  и според нашите информации, единствена гаранција што се бара е СДСМ да ја исполни заедничката платформа на Албанците. Особено се инсистира Заев да поддржи нов закон за употреба на албанскиот јазик. Таквите модалитети се барале на долгиот состанок во ДУИ кој траел речиси до полноќ, Следуваат и  новите состаноци  меѓу потпретседателите на ДУИ кои се членови на работната група на партијата за разговори со СДСМ.

„Се анализираат сите работи. Мислам дека во иднина ќе има конкретен одговор. Ова се прашања кои се разговараат во рамките на партијата, но јас ве уверувам дека таму не се произведуваат атомски бомби. Се разбира дека се дискутира за важни прашања во врска со политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Ние зборуваме и со другите политички партии затоа што треба да формираме заедничко мислење. Со господинот Села се сретнав и разменивме мислења.“ – изјави Али Ахмети

Се дискутира и за  форматот на новиот закон за употреба на албанскиот јазик, кој треба да биде не само во согласност со Уставот, туку и во интерес на Албанците. Имено, се инсистира промена на формулацијата „јазикот што го користи најмалку 20% од населението“ во насока на нејзина промена со формулација каде недвосмислено ќе биде наведено дека станува збор за албанскиот јазик. Друга важна точка е зборувањето на албанскиот јазик во институциите, а тоа да се преслика и во пишана форма. Во Собранието и покрај тоа што пратениците Албанци во моментов добиваат преводи на одредени закони, тие никогаш не се пропратени со печат и потпис како и во македонската верзија. Во владата пак, албанскиот јазик актуелно ниту се зборува, ниту се пишува.

Алсат дознава дека овие посебни забелешки покренати на  состанокот меѓу Ахмети и Села биле ставени на поширока дебата на ниво на уставни експерти, ангажирани во согласност на двете страни. Кога евентуално прашањето за албанскиот јазик двете страни во разговорите би го прифатиле, односно ДУИ и ДР-ДПА од една и СДСМ од другата страна, тогаш ДУИ би го свикала своето раководство за да се донесе одлука околу потписите.

По оваа фаза, како што дознава Алсат М, би продолжиле разговорите со СДСМ во врска со министерствата и предлог-имињата за разните владини функции.

Од СДСМ се оптимисити дека викендов ќе завршат консултациите, и немаат никаков проблем да се разговара и да се договара, ако рамката за се е Уставот, и повеќе од тоа никој нема  ниту право  ниту можност да поминува, и то го знаат сите.

Претходно на прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов не откри детали од материјалите кои партијата ги доставила  до СДСМ, но истакна дека од ДУИ очекуваат одговор во форма на потписи за парламентарно мнозинство и дека во оваа фаза од преговорите на маса не се ставени предлози за форми на влада.

За се останато може да се прават најквалитетните комбинации, дополнувања се што не е на штета на сите граѓани и кое е во функција на зголемување на меѓусебната доверба и просперитет на државата, велат од СДСМ.

Социјаледемократите не се загрижени,  затоа што со новите коалицинери се согласуваат во клучното,  а тоа е спремноста на експресно  расчистување со криминалот и владеење на правото. Тоа е задачата на новата влада, а за тоа му  се отстапуваат главно место на СЈО и на македонските судови- без пардон за секого. Евроатланската орјентација исто така нема дилеми за новите колиционери , како и барањата на реформите од Брисел, извештајот на Прибе и пржинските договори.

За очекување е дека викендов ќе биде завршено со потписите за СДСМ, со што  партијата на Заев би требало да го добие мандатот, а двете страни би ги почнале уставните 20 дена за договарање на другите прашања.

 

 

 

 

Слични содржини