ВМРО-ДПМНЕ: До последниот извештај на УЕФА, редовно добивавме позитивни извештаи

од Vladimir Zorba

СДСM, Зоран Заев и Драги Рашковски сè уште се однесуваат како опозиција, а не како власт која треба да работи за доброто на граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на владата.

„До последниот извештај на УЕФА, Владата на ВМРО ДПМНЕ редовно добиваше позитивни извештаи. Се што беше побарано од стручните лица на УЕФА беше реализирано. Единствените обврски кои остануваат да се реализираат до последната најавена посета од страна на УЕФА се тековни работи околу климатизацијата и средување на просторот, таканаречен ТВ компаунд, каде што би се сместувале возилата преку кои би се вршел преносот“, стои во реакцијата.

Од партијата наведуваат дека и покрај тоа што Општина Центар, која е, како што е истакнува, под контрола на СДСМ го повлекла одобрението за градба за просторот за репортажни возила, владата на ВМРО-ДПМНЕ успеала да ги надмине проблемите и да ги исполни барањата на УЕФА.

„ВМРО ДПМНЕ бара Владата на СДС да не си поигрува со угледот на Република Македонија. Одржувањето на Суперкупот не смее да биде загрозено. Време за губење нема. Одржувањето на Суперкупот е многу поважно од сите ПР манипулации со кои се занимава Владата на СДС“, стои во реакцијата.

Слични содржини