ВМРО-ДПМНЕ не сакаат “Заштитени сведоци” кај Јанева

од Vladimir Zorba

14466274_10208870369189721_401695109_o

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија нема да прифати разгледување на било какво барање и предлог кој потекнува од страна на Специјалното јавно обвинителство, а е надвор од законот за СЈО договорен од четирите партии согласно договорот од Пржино, се вели во вчерашната реакција на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.
– Никакво ново договарање или проширување на веќе постигнатата согласност не може да биде прифатено за разгледување од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. СДСМ е портпарол на СЈО, а СЈО е портпарол на СДСМ. Помеѓу тие два субјекта нема никаква разлика. СЈО е дел од СДСМ – вели Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повторија барањата до Катица Јанева јавно да се извини на граѓаните, пратениците и Собранието на Република Македонија како највисок Законодавен дом за упатените навреди и оспорувањето на легитимитетот и за нестручното, непрофесионално, неодговорно, дрско и арогантно однесување во Собранието.

МЕТА

Слични содржини