ВМРО-ДПМНЕ: Нелегалниот Џафери почна да го применува албанскиот јазик

од desk3
Нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, поддржан од СДС, отпочна да го применува албанскиот јазик како јазик на кој Собранието се обраќа до јавноста, покрај македонскиот, давајќи ни само мал поглед како ќе се одвива и имплементира двојазичноста на дело, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата на Груевски, Џафери јасно кажал дека нема намера да го почитува сегашниот закон за употреба на јазиците и дека собраниските седници ќе ги води на албански јазик, а доколку за тоа има потреба би го сменил и законот, иако водењето на собраниските седници на друг јазик различен од македонскиот, ниту  според законот, туку според Уставот не е дозволено.
Од ВМРО-ДПМНЕ пишуваат дека и покрај  ваквите изјави и дејствија за флагрантно кршење на законите на
Република Македонија и поткопување на Уставот СДСМ молчи и ги потпомага.
Граѓаните на Република Македонија можат да видат само мал сегмент како ќе функционираат институциите откако СДС би ја презел власта – целосно, стои во партиското соопштение.

Слични содржини