ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира и проектот Скупи

од desk2

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и СДСМ го блокирале и стопирале проектот за античкиот театар кај Скупи, обвини Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.


Според него ребалансот на буџетот предвиден за изградба на античкиот театар Скупи, средствата биле намалени за над 80 отсто.

– За жал на граѓаните, а за волја на вистината, ова ќе биде најнеуспешната влада која неинвестирала во културата. Овој антички театар од римско време е еден од најголемите и најзначајните објекти на балканот и пошироко, кој со конзервација и реставрација ќе се возобнови и повторно ќе може да прими од 8 до 10.000 гледачи. Ова е еден од најважните проекти кој што во најмала рака наместо да го блокира, треба да го реализира СДС преку Министерството за култура, рече Атанасов.

Повикуа да не ја стопираат реализацијата на проектот за Антички театар Скупи.

Слични содржини