ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже што договорил во Софија

од desk2

Зоран Заев станува сериозен ризик по македонските национални интереси и најомилената фигура меѓу сите националисти кои се натпреваруваат во анти-македонските ставови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до медиумите.

„ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија. Според партијата Заев за дводневна посета во Бугарија удрил жестоко по македонската држава. Божидар Димитров, директор на бугарскиот национален историски музеј, по повод посетата на Заев изјави дека мислел нема да го доживее денот кога ќе дојде еден македонски политичар од Скопје ќе кажа дека бугарскиот и македонскиот народ се едно исто“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини