Белгија денес го подигна нивото на тревога на највисоко ниво на подрачјте на главниот град Брисел на највисоко ниво, предупредувајќи ја јавноста да избегнува метежи поради сериозни закани од можни напади, изјави претставник на владата.

download (7)

Затворена е метро станицата , постапувајќи по препораките од безбедносните претставници. Транспортниот оператор на Брисел СТИБ на својата веб страница денеска објави дека затворањето е мерка на претпазливост преземена по препорака на кризниот центар на Министерството за јавни услуги. Автобусите , наводно, работат нормално, но на жителите им се препорачува да останат дома. Безбедносните мерки доаѓаат по ужасните терористички напади во Париз на 13 ноември, во кои загинаа 130 лица.

Населението го советуваме да избегнува места каде со сбоираат многу луѓе како што се шопинг центри, концерти или станици за јавен превоз – вели портпаролот на владиниот кризен центар.

Мерката е преземена неколку часа откако една личност е приведена во Белгија под обвинение за тероризам во врска со нападите кои се случија на 13-ти во париз кога загинаа 130 лица.

Таа личност, чиј идентитет не е објавен е третта против која во Белгија е подигнато обвинение за нападите во Париз.

Во утринските часови во Брисел е блокиран и сообраќајот на подземната железница поради терористички закани.

Слични содржини