Во Виена, средба на градоначалниците Жерновски и Хаупл

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во Виена се сретна со градоначалникот на главниот град во Австрија, Михаел Хаупл.

Средбата се реализираше на покана на градоначалникот на Виена, град кој е прогласен за „смарт сити“ во 2011 година. Виена има највисоки стандарди заекологија и зачувување на ресурсите, проекти за вклучување граѓаните, како ипроекти за образование и технолошки иновации. Градоначалниците разговараа околу можностите за блиска соработка помеѓу општина Центар и Виена и пренесување на добрите пракси.

На средбата стана збор и за актуелната политичка ситуација во земјата, особено по развојот на најновите настани и по посетата на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и тројцата европратеници.Двајцата соговорници искажаа јасна заложба за итно формирање на влада, за да можат да се откочат демократските процеси во државата, нормално функционирање на институциите, што ќе придонесе и за стабилизирање и развој на економијата./a1on

Слични содржини