Воен авион со 122 патници се урна во Мјанмар

од desk3

Воен авион на Мијанмар со 122 патници исчезна од радарите во средата, а денес воените соопштија дека откриле остатоци и тела, информира BBC. Остатоци се пронајдени во Андаманско Море.Транспортниот авион Y-8 е кинеско производство и бил со 14 членови на екипажот. Повеќето од патниците биле војници и членови на нивните семејства, вклучувајќи деца. Авионот летал од Миек до Јангон, а остатоците се наоѓаат во морето до крајбрежниот град Дауеи.

Врската со авионот беше изгубена во средата, половина час по почетокот на летот. Воените служби информираат дека во четвртокот спасувачките екипи пронашле 10 тела, меѓу кои и тело на дете, неколку спасувачки елеци и делови од багаж. Главниот дел на авионот се уште не е откриен.

Ако се покаже дека сите луѓе во авионот загинале, тоа ќе стане најтешката воздухопловна несреќа во азиската земја .

Причината за несреќата засега останува нејасна. Немаше сигналите за катастрофа од авионот, а распрсканите остатоци може да зборуваат за распаѓање на авионот во воздух. Иако во Мјаннмар е сезона на монсуните, немало информации за лошо време.

Слични содржини